(Видео) Морничави сцени-Мртви тела на улиците во Еквадор, мртовечниците преполни
Улиците во градот Гвајакил, Еквадор се пусти, можат да се видат малку луѓе, а се полни со тела од мртви луѓе, кои починале од коронавирус.Jorge Wated Reshuan@JorgeWated
Me uno al dolor de todos los que están sufriendo pérdidas, trabajamos 24/7 para que todos los fallecidos tengan un entierro digno; lamentamos el tiempo que han tenido que esperar, aquí estamos nosotros poniéndonos al frente de esta dolorosa tarea. #UnidadNacional
363Twitter Ads info and privacy181 people are talking about this
Пандемијата од коронавирусот ги преоптоварила јавните служби, болниците немаат кревети да ги прифатат пациентите, а мртовечниците, погребалната служба и гробиштата се пребукирани. Жителите велат дека немаат друг избор, освен членовите на своите фамилии, кои починале, да ги остават на улиците.
Нејасно е колку луѓе во Еквадор починале од Ковид-19, пишуваат странските медиуми.
Многу семејства кажуваат дека нивните најблиски имале симптоми на вирус, додека другите само знаат дека болните не можеле да се лечат во преполната болница во Гвајакил.
„Чекавме пет дена“, рече Фернандо Еспана во видеото кое го објави Ројтерс на 30-ти март.