Какво време ќе имаме овој викенд?
Утрово дождот јасно покажа како ќе тече денешниов скопски ден. Метеоролозите најавуваат облачно време со повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини од снег.
Ќе дува умерен ветер од североисточен правец. Температура во скопскиот регион максимално ќе се искачи до 10 степени.
И утре ќе има локални врнежи од дожд, кои во текот на денот ќе престануваат.
Од понеделник следува период на сончево време со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во постепен пораст.