Апелација пресече, Јанакиевски и Божиновски остануваат во Шутка

Апелација пресече, Јанакиевски и Божиновски остануваат во Шутка. Иако одбраната очекуваше мерката притвор да биде укината заради жалбените наоди, сепак апелација смета поинаку.
-Жалбите на обвинетите Миле Јанакиески и Кирил Божиновски, изјавени преку нивните бранители судот ги одби како неосновани и ги потврди решенијата на Основниот суд Скопје I Скопје, со кои на обвинетите им е определена мерка притвор, соопштуваат од Апелацискиот суд Скопје.

Адвокатката Сања Алексиќ која е бранител на обвинетите, вели дека мерката притвор го повредува нивното право на одбрана според Законот за Кривична постапка, но и според Европската конвенција за човекови права.

Алексиќ посочува дека на вчерашната јавна седница, тие како одбрана доставиле белешка од кабинетот на претседателот Иванов од која може да се утврди дека белешката од МВР е со невистинита содржина, тврди таа.

Од одбраната вчера на јавната седница во Апелација посочија дека судијата Огнен Ставрев кој бил во кривичниот совет што одлучува по барањето за притвор, морал сам да побара иземање бидејќи е судечки судија во процесот за кој е определен притвор, посочија адвокатите и според нив тоа било противзаконски.
Oд опозициската ВМРО-ДПМНЕ велат дека судот донел политичка, а не правна одлука.

-Кацарска судството не успеa да се издигне над политиката и со отфрлањето на издржаните и аргументирани жалби на Јанакиески и Божиновски донесе политичка, а не правна одлука. Апелацискиот суд се покажа како уште една алатка во рацете на власта за спроведување на политички прогон, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.

Translate »