ТУРИСТИЧКИТЕ АГЕНТИ ОД БЕЛОРУСИЈА И УКРАИНА СЕ ЗАПОЗНАА СО ТУРИСТИЧКАТА ПОНУДА НА БУДВА

„Будва е она што гостите од Белорусија го бараат во една туристичка дестинација“

Квалитетната понуда на хотелите од висока категорија сместени на брегот, но и модерно опремените апартмани во приватните сместувалишта во потполност се совпаѓаат со желбите и очекувањата на гостите од Белорусија, заклучија претставници на истражувачката група од овие источноевропски земји за време на нивниот престој во Будва.

Во посредство на туристичката агенција „Гуливер Монтенегро“, шеснаесет претставници на туроператорот TUI RU & CIS и туристичките агенции од овие земји престојуваа на нашата ривиера во средината на месец јули. Покрај запознавањето на туристичката понуда на Будва, гостите од Белорусија имаа шанса да ги посетат најубавите краишта од Црна Гора и со нивните домаќини да ги споделат позитивните впечатоци од овие природни убавини.

Туристичката организација на Општина Будва се покажа како одличен домаќин за туристичките агенти во Петровец, а покрај разговорите за впечатоците од нивниот престој таму, им подари и промотивен материјал кој детално ќе ги запознае со се’ што има да понуди оваа прекрасна дестинација.

ТА „Гуливер Монтенегро“ го организираше и доаѓањето на претставници од туроператорот TUI UA и туристичките агенции од Киев, а нашите хотелиери и сопственици на приватни сместувалишта се потрудија домаќински да ги пречекаат и професионално да ги запознаат со капацитетите со кои располагаат.

Пазарите на Белорусија и Украина се многу значајни за Будва и Црна Гора, а сето знаење и искуство во туристичкиот сектор треба, во текот на оваа година, да се искористи за зајакнување на досегашната соработка и создавање на нови конекции. Од особена важност е соработката со туристичките агенции од Будва, кои сериозно и напорно работат на создавање на уште подобар имиџ за оваа дестинација, истакнуваат од ЛТО Будва.

Translate »