Агим Горчај, Мега Ауто Партс: 25 години обезбедуваме квалитетни авто делови во земјава

Каков е квалитетот на авто делови во земјава? 

Оние кои сакаат моторните возила да имаат долг век користат оригинални авто делови, кои се достапни во земјава. Оние кои мислат дека заштедуваат, и купуваат на црно од сомнителни производители, на крај трошат многу повеќе. Избор постои, и до разумот е што ќе се одбере, и од кого. Мега Ауто Партс  соработува со реномирани производители на автоделови од Европа, најголем дел од Германијa, но и од други делови од светот. Истовремено како компанија секогаш ги следиме и најновите трендови во индустријата на авто делови, посетуваме светски саеми, и сме во блиска комуникација со сите фактори во авто индустријата. Така што она што ние го нудиме е врв во овој сегент. За да им го олесниме процесот на купување, производите се достапни и онлајн. Преку нашиот функционален онлајн каталог кој е достапен на апликации за андроид и iphone. Интересот кај нашите потрошувачи е олем за ваквиот начин на продажба, и ние и во иднина ќе размислуваме за нови форми на дигитална комуникација.  

Вашата компанија одбележува јубилеј 25 години постоење и континуиран раст. Што е реткост за наши услови. Колку сте горди на овој успех?     

Од самите почетоци имавме јасна цел, да поставивме високи стандарди на работа, да не правиме компромиси во работењето и да се водиме по највисоките стандарди за работа. Наша определба беше да работиме со проверени и респектабилни производители, кои креираат авто делови со највисоко ниво на безбедност и сигурност.

Имавме јасна визија во која насока треба да се развиваме. Затоа од самиот почеток бевме опкружени со најдобрите вработени, кои се во голем дел заслужни за овој успех. Исто така внимание обрнавме на партнерски и долгорочни односи со соработниците, и воспоставување мрежа низ целата земја. Мега Ауто Партс соработува со повеќе од 500 продавници, сервиси и овластени дистрибутери на автомобили долж целата земја и со тоа претставува една од најголемите компании во бизнисот со авто делови. 

За секој успех, првенствено е потребно многу работа, труд и односи на доверба со соработниците.  Да се вложува во своите вработени, во усовршување на услугите и во довербата на клиентите. Секако дека сум многу горд на овој успех!

25те години се повод и за овогодинешниот Аутопартс експо 2023, саем за автоделови во Македонија. Кој се ќе биде присутен?  

Ќе се одржи на 3 јуни во х. Мериот-Скопје со почеток во 12 часот . Auto Parts Expo Skopje 2023 е наменет за производители и дистрибутери на резервни делови, работилници за поправка на автомобили, дијагностички центри, продавниците за автоделови од разни градови од државата, сервисери на моторни возила и сите оние компании и поединци кои поседуваат возен парк и потреба од квалитетна понуда на авто делови. 

Зошто треба да се биде дел од овој саем?

Присутните на саемот ќе имаат можност да се запознаат со најновите иновации и интернационални трендови во индустријата на авто делови, да се сретнат и разменат искуства со врвни експерти, да воспостават нови бизнис релации, и да дојдат до нови идеи за проширување на своето знаење и бизнис. Ќе бидат изложени напредни решенија поврзани со резервните делови, лубриканти, батерии, дијагностика на возила, опрема за работилници итн. 

Која е главната порака која сакате да ја испратите? 

Дека квалитетните, оригинални авто делови обезбедуваат подобри перформанси на моторните возила, но истовремено во голема мера придонесуваат во сигурноста и безбедноста на сообраќајот. Безбедноста и сигурноста при патувањето е нешто кое е бесценето. Токму поради тоа, кога купуваме авто делови тие треба да бидат квалитетни и од проверен реномиран  производител. Кога тие се купуваат од овластен дистрибутер, тие се посигурни а честопати знаат да бидат и поевтини, но секако и подолгорочно да ја вршат нивната функција. Купувањето делови со сомнително потекло од производство и од неовластени трговци, во никој случај не треба да се смета како заштеда, бидејќи секогаш се покажало дека на долг рок, имаме штета од тоа. Автомобилите побрзо и почесто се расипуваат, а сигурноста и животот на патниците е доведена во прашање. 

Каде се имате продажни салони и што вклучуваат? 

Мега Ауто Партс е компанија со македонски капитал, формирана во мај 1998 година со седиште во Скопје. Основна дејност на Мега Ауто Партс е големопродажба и дистрибуција на авто делови во земјава, водена од бизнис идејата за застапување на оригинални резервни делови од германско потекло. Мега Ауто Партс располага со адмнистративно-магацински простор од 600м2 за големопродажба, кој се наоѓа на ул. Kачанички Пат, бр.212 а и 10 малопродажни салони лоцирани во Чаир, Капиштец, во Тетово, Кичево, Охрид и Струга, со над 30.000 различни артикли  со проверен квалитет. 

Што би им препорачале на сите корисници? 

Да преферираат квалитетни и оригинални авто делови, бидејќи тие обезбедуваат подобри перформанси на моторните возила, но истовремено во голема мера придонесуваат во сигурноста и безбедноста на сообраќајот. Безбедноста и сигурноста немаат цена, тие треба за секого да бидат врвен приоритет. Ние во Мега Ауто Партс се занимаваме исклучиво со увоз и дистрибуција на оригинални резервни делови за возила со врвен квалитет од големи автопроизводители кои се користат за прво вградување во возилата. На овој начин се избегнува сомнителното потекло на производите од компаниите кои препакуваат делови од повеќе производители и истите ги препродаваат под сопствено име. Ние на нашите клиенти им гарантираме делови со висок квалитет и сигурно потекло. 

Translate »