Како да постапуваме еколошки, а истовремено да добиваме награди?

Дали знаете дека можете активно да се вклучите во процесот на селекција на отпад и притоа да добивате награди?
Како? Многу едноставно! Старите лименки или шишиња однесете ги до повратните вендинг машини кои „Пакомак“ веќе ги постави на повеќе локации низ Скопје. Нивна цел е да ги мотивира граѓаните активно да се вклучат во процесот на селектирање амбалажен отпад, и да придонесат да имаме поздрава животна средина. Вендинг машините работат на многу едноставен принцип: корисникот става во машината лименка или пластично шише а за возврат добива „зелени поени” кои се регистрираат на Екомак апликацијата. Со „зелените поени” можат да се купуваат производи во Веро и Тинекс. Исто така, ќе можат да се плаќаат општински и јавни услуги.

Вендинг машините на „Пакомак” даваат надеж  дека се создава интегриран и ефективен систем за справување со отпадот. Ги поттикнуваат граѓаните да ја освестат својата улога на активни создавачи на отпад кои мораат да преземат и лична одговорност за животната средина во која живеат.

Вендинг машините ја подобруваат инфраструктурата за селектирање на отпад, додека Екомак апликацијата им дава можност на граѓаните да имаат и лична корист од сегментирањето на пластична амбалажа.

Да ги поддржиме новите системи на еколошка одговорност.
Преземи ја уште денес Екомак апликацијата на  App Store или на Google Play.

Translate »