Пред и по операцијата за намалување килограми -Мараја Кери
Поп-дивата Mараја Кери отсекогаш мака мачела со вишокот килограми. Конечно таа го решила проблемот, легнувајќи под хируршки нож. “Диетите не ми помогнаа и затоа одлучив да направам операција”, вели Кери, која по раѓањето на близнаците во 2011 година, почна неконтролирано да добива на тежина. На Кери, освен липосукција и е направен и бајпас на желудникот, со што се намалува количината на храната која таа може да ја консумира.