Александар Пандов: Ги чуваат предавниците, а Миленко го апсат
Притисокот кон слободата на говорот и слободно мислечките луѓе од страна на Заев и СДС, не запира! Во моментов пред домот на новинарот Миленко Неделковски има полиција, но за разлика од онаа пред домовите на предавниците која е да ги чува, кај Миленко е дојдена да го апси. На секој начин оваа фашистичка хунта се обидува да го замолчи секој нивни противник. Ширење на страв и терор е единствениот метод кој го познаваат. Нема да не уплашите и уште помалку замолчите.
Статус на Александар Пандов
Инаку, новинарот Миленко Неделковски во моментов се наоѓа на разговор во полициската станица во Велес.
Неделковски, пред неколку часа, самиот на Фејсбук најави дека полицијата е дојдена на вратата од неговиот дом за да го уапсат.
Според извори на истрагата, Неделковски овој пат е повикан поради нов случај, односно предистрага за Фејсбук статуси во кои именува одредени политичари од државава. Предметот е отворен во последните неколку дена. Инаку Неделковски доби обвинение поради промовирање на омраза кон одредена етничка група-Грци, во коментар што летово го пласираше на својот јавен профил на социјална мрежа.
„Живи гореле на Атика… Не ги жалам… Сите до еден да изгорите.“ – ова се дел од контраверзните пораки на Миленко Неделковски, за кои му се заканува кривична одговорност.
Основното јавно обвинителство пред три дена отвори истрага за неговите постови на социјалните мрежи, во кои изразува задоволство што летните пожари во Грција однесоа стотици човечки животи.
ОЈО го товари за ширење на расизам и ксенофобија, преку компјутерски систем, од чл.394-г став 1 од Кривичниот законик.