Во Франција се раѓаат деца без раце,министерката за здравје отвори истрага
Француската влада одлучи да отвори истрага за децата родени без раце во неколку региони, потврди француската министерка за здравје, Ањес Бузин и додаде дека е недозволиво тие случаи да останат нерасветлени.
„Одлучивме повторно да отвориме истрага во која што ќе учествуваат доктори и експерти за животна средина“, изјави француската министерка.
„Не можеме да се задоволиме со фактот дека ги немаме пронајдено причините, тоа е недозволиво“, изјави Бузин за француските медиуми.
Во една болница биле родени дури седум деца без раце во периодот од 2009-та до 2014-та година, во Лоара три деца од 2007-ма до 2008-ма година, а во покраината Бретања биле родени четири такви деца во периодот од 2011-та до 2013-та година.
Тие случаеви иако се од поодамна, сепак и натаму внесуваат немир меѓу француските граѓани, па затоа е отворена нова истрага, откако првата истрага ја спровела санитарната агенција за Јавно здравје на Франција.
Заклучено било на почетокот на октомври дека во една покраина „инцидентите“ биле статистички во национални граници, меѓутоа француските власти за аномалиите во два други региони засега немаат објаснување.
Министерката за француските медиуми откри дека годишно во Франција се раѓаат „од 80 до 100 новороденчиња со малформација на екстремитетите“.
Причините за ова може да бидат генетски или последица на изложеност на отровни супстанци во храната, околината или во лековите. Токму голем сомнеж владее околу одредени седативи и аналгетици кои што им биле препишувани на бремените жени во периодот од 1957-ма до 1962-ра година, по што се родиле илјадници деца без една или без две раце.