Грција цврсто да застане на двете нозе-Нов заем од Еврозоната
По состанокот кој траеше неколку часови, Еврoгрупата и Грција постигнаа договор. Грција, според договореното, треба да добие позајмица од 15 милијарди евра, од кои 3, 3 милијарди ќе бидат искористени за враќање на дел од долгот на Европската централна банка и ММФ. Земјата исто така ќе добие продолжување на рокот за враќање на долговите на Еврозоната и дополнително продолжување на рокот од 10 години за плаќање на каматите.
Токму овој втор дел од договорот беше точката каде запнаа преговорите.
Комесарот за економски и финансиски прашања на ЕУ, Пјер Московичи н прес конференција изјави:
” Вечерва Еврогрупата постигна догворо со трајни и издржливи мерки, кои, во голема мера, ќе го олеснат товарот на долгот на Грција, со што земјата ќе може да застане цврсто на двете нозе”.
И престедателот на Европската Комисија , Жан Клод Јункер , на твитер напишa:
“Секогаш ќе се борам Грција да биде во срцето на Европа. Го поздравувам грчкиот народ кој ги надмина тешкотиите и е посветен на европскиот пат. Нивниот напор нема да биде залуден”.
Во изминативе 8 години Грција има добиено 275 милијарди евра финансиска поддршка од ЕУ.