Прилепчанец силувал 11 годишно девојче, другарка на неговата ќерка

Единаесетгодишно девојче вчера било силувано од таткото на нејзината другарка. Во Полициската станица Прилеп, А.Х. пријавила дека на 31 мај 2018 година околу 9 часот нејзината 11- годишна ќерка отишла на гости кај нејзината другарка каде што од страна на таткото на другарката Р.Ч. (39) и биле извршени полови дејства.

Силувачот бил приведен во полициска станица. Бил извршен увид и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, соопшти денеска Министерството за внарешни работи.

Translate »