Илинденска е затворена за сообраќај
Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека поради најавениот политички митинг со почеток од 20 часот, што ќе се одржи на просторот пред објектот на Владата на на булевар Илинден овој потег на сообраќајницата веќе е затворен за сообраќај.
Исто така, од 20 часот за сообраќај ќе се затвори и мостот „Гоце Делчев“, а од страна на сообраќајната полиција сообраќајот повремено ќе биде пренасочуван по околните улици во зависност од движењето на граѓаните. Исто така возилата на јавниот градски превоз ќе можат да се движат по улицата “Димитрија Чуповски“ (Рекорд) во двете насоки.