Почнува битката за Антарктикот: Многу земји ја сакаат оваа ледена територија, а сè би можело да зависи од еден череп

Меѓутоа, во 1948. година тој договор би можел да дојде на ред за ревизија во која забраната за ископување на минерални резерви би можела да се укине. А научниците сметаат дека тоа би можело да се случи многу лесно.

“2048. година ни виси над глава бидејќи некои земји сметаат дека забраната за искористување на минералните ресурси повеќе не би требало да се имплементира и луѓето се загрижени дека се би можело да се распадне”, смета Додс.

Седум нации положуваат право на територијата на Антарктикот на кои се однесува договорот: Аргентина, Австралија, Чиле, Франција, Нов Зеланд, Норвешка и Обединетото кралство. Договорот официјално ги паузирал нивните барања за проширување на Антарктикот, но многу нации, посебно Кина и Русија, размислуваат понапред и планираат што ќе направат по 2048. година.

Поради тоа и многу други држави ги пуштаат пипките кон Антарктикот и се обидуваат да заземат територија – не со воени сили, туку со вложување во истражувањето или изградба на научни бази по целиот континент.

“Археологијата е една од најважните активности”, изјавил Мајкл Пирсон, поранешен директор на Комисијата за австралиско наследство. “Таа создава интерес, или право на територија, во идните расправи за поделба на територијата”, вели тој.

На пример, иако археолошкиот пронајдок на черепот на младата Чилеанка на плажата Јамана нема никаква правна тежина, бидејќи таа најверојатно била ловец, а не официјална личност, во случај Чиле да успее да докаже дека прв имал луѓе кои живееле на Антарктикот, би можел да има поволна положба во преговорите околу територијата.

Позитивната страна на овие национални интереси е тоа што може да доведат до археолошки откритија кои можеби инаку никогаш не би се откриле.

Translate »