Благодарение на д-р Бабамова илјадници деца го победија стравот од одење на стоматолог: Да направиме место за здрави заби
Ретко кои дечиња се дисциплинирани кога станува збор за негата на забите. Ни се случува секојдневно молење за миење на забите, па недоволно нивно четкање, а по извесен период и појава на кариес, забен плак. Следи одење на стоматолог, што е уште потешко. Препораката е да се изврши нивно навремено запечатување и залевање, со што ќе се спречи таложење на плак на површините кои се места со најголема можност за појава на кариес. Нопотребно е да се победи стравот?
За среќа на сите родители во Скопје постои една докторка, стоматолог, која со своето знаење но и пристап на работа тоа го решава. Благодарение на смирениот и топол тон на комуникација со кој Др Бабамова им пристапува на дечињата, стравот од стоматолог веднаш исчезнува.
Доколку тука го донесете вашето дете засекогаш ќе го заштитите од непотребниот стрес и ќе придонесете кон градење на позитивен однос кон одењето на стоматолог.
Долги години се молевме со син ми кој беше на 10-годишна возраст да дојде на стоматолог. Поранешните искуства беа непријатни, и завршуваа со долго плачење и неуспешен крај. Но откако еднаш дојдовме кај Д-р Бабамова, стравот веднаш исчезна, се замени со взаемна доверба и започна чистењето на кариесот. Поправивме речиси 10-тина запчиња, бидејќи долго време помина од одењето на последниот стоматолошки преглед.
Одењето на стоматолог не треба да претставува стрес. Денес стоматологијата е толку многу напредната, се работи со софистицирана опрема и технологија така што стравот кој постои од одење на стоматолог е крајно непотребен, вели стоматологот Д-р Лилјана Бабамова.
Таа во својата ординација воведе иновативен метод на воздушна абразија со која кариесот се отстранува на комплетно безболен начин, со млаз од воздух и прашак, а може да се користи и кај деца и кај возрасни. “Нема болка, непријатен звук, вибрации и стрес. Методата е многу конфорна, третманот релаксирачки. Освен ваквите придобивки, оваа метода го штеди здравото забно ткиво од прекумерно одземање, а влијае и на квалитетот на финалните изработки. Се третираат лезии, од површни до најдлабоки, а се овозможува и третирање на повеќе заби во една сеанса и тоа без употреба на анестезија. Истовремено праксата потврдува дека пломбите изработени со оваа метода, траат двојно подолго“ вели Д-р Бабамова. Сето погоре набројано, ја прави оваа метода мошне атрактивна за нашите пациенти. Tel: 02 244 4255
Бабамова истакнува дека периодот на промена на млечната со трајна дентиција кој започнува околу шестата година, и појавата на првите трајни молари, познати како шестки, е важен период за посета на стоматолог. Од овој период па се до единаесетата година, следува појавата на сите останати трајни заби а нивната состојба треба будно да се следи и понатаму.
Уште еден многу важен период за оралното здравје на вашето дете е периодот на влегување во пубертет. Во тој период е исклучително нагласено влијанието на хормоните. Нивното зголемено присуство иницира промени во составот на плунката и нејзината густина, со што на директен начин влијаат на состојбата на меките ткива но и на самите заби. Зголемената е склоноста кон воспаленија и крварења на гингивите, кои стануваат болни и натечени а одржувањето на оралната хигиена е значително отежнато и честопати непријатно. Затоа, во овој период, изборот на соодветна четка за заби е од особено значење. Препораката е да се користат Mizuha четки за заби со кварц, кои се двојно поефикасни во отстранувањето на забните наслаги, а уште поефикасни се само со вода, што ја поедноставува нивната употреба. Се препорачува четкањето да биде после секој оброк, во траење од една ипол до две минути, при што освен површините на забите, со кружни движења да се направи и блага масажа на непцата. Резултатот ќе биде видлив уште по првите неколку четкања. Самиот кварц има исклучителен елиминирачки ефект врз наслагите а на забите им дава висок сјај и белина. Воедно, ослободува и негативни јони, кои покажуваат голем афинитет кон јоните на Ca++ од плунката, кои се најодговорни за таложење на наслагите, со што спречуваат нивно таложење и даваат чувство на чистота која трае. Поради нивната мекост и ефикасност, претставуваат мотивирачки фактор и поттикнуваат позитивен однос кон четкањето и одржувањето на редовна орална хигиена.