Воени бродови предизвикаа тензии меѓу Русија и Украина, интервенираше и руската гранична служба

Уште два украински воени брода се упатија од Бердјанск кон областа во која претходно денеска три украински бродови веќе влегоа во руски територијални води, а пограничната стража на руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) презема чекори со цел да се спречи нова провокација, соопшти прес-службатата на ФСБ.

Граничната служба на руската ФСБ денеска нешто пред пладне по локално време, увидела дека уште два оклопни артилериски брода го напуштиле пристаништето во Бердјанск и потоа со максимална брзина се упатиле кон Керчкиот премин, односно кон зоната на провокацијата која што Украина ја извела претходно денеска.

„Граничната служба на ФСБ ги презема сите чекори за да стави крај на ваквите провокации“, се наведува во соопштението, кое го пренесе агенцијата „Тасс“.

ФСБ укажува на тоа дека раководството во Киев кое носи такви опасни и неодговорни одлуки треба да размисли за последиците од нивните постапки.

Претходно, граничната служба на руската ФСБ во Крим објави дека три украински воени бродови илегално ја минале границата на руската држава и влегле во нејзини територијални води, притоа изведувајќи опасни маневри.

Инцидентот во Црното Море ги одразува зголемените тензии меѓу Москва и Киев во врска со Азовското Море, на чии води право полагаат двете страни.

Translate »