Aпсењето на Мијалков е со цел да се дефокусира јавноста за бегството на Никола Груевски.
По четири дена откако поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков доби мерка притвор, се огласи неговиот адвокатски тим.Според нив целата суштина со апсењето на Мијалков е да се дефокусира во јавноста бегството на Никола Груевски. Чиста политика сметаат адвокатите на Мијалков.
Во продолжение ви го пренесуваме целото соопштение:
„Изречениот притвор за господинот Мијалков е политичко, а не правно решение. Не постои никаква основа за мерките на претпазливост да бидат укинати и заострени бидејќи не е сменета ниту една околност во однос на моментот кога му се изречени. Аргументите на СЈО не соодветствуваат со реалноста. Законот се крши по три основи кои ги потврдуваат сомненијата дека не станува збор за право и правда туку за политика.
Прво, спротивно на сите конвенции, господинот Мијалков и ние како негова одбрана воопшто не сме повикани да се произнесеме во однос на барањето на СЈО.
Второ, нема ниту еден аргумент дека има некаква промена во околностите во однос на предметите кои се водат против господинот Мијалков
Трето, целосно се неосновани аргументите приложени во барањето на СЈО.
Одбраната на Мијалков најостро ги отфрла тврдењата на СЈО дека тој има каква било поврзаност со наводните 11 милиони евра за кои се побара притвор а судот го усвои предлогот. Одбраната бара обвинителството и судот јавно да ги обелоденат наводните докази од причина што тврдиме дека такви не постојат и дека наводните трансакции немаат никаква поврзаност со Мијалков.
Исто така настрана од овие лажни тврдења определениот притвор е незаконски поради фактот што Мијалков повеќе од една година ги почитува определените мерки на претпазливост се јавува на сите покани од судот и обвинителството. Впрочем дента кога е лишен од слобода се јавил во СЈО на покана на Катица Јанева и ниту планирал ниту превземал дејствија за бегство.
На крај целиот имот со кој располага Мијалков е јавно заведен во јавните книги во РМ и во странство а на судот и на обвинителството тој имот им е познат и досега, но судот и обвинителството не го сметале како околност поради која г. Мијалков може да се даде во бегство единствена причина поради која му е изречен притворот е да се прикрие бегството на Н.Г односно да се скрие неспособноста и непрофесионалноста на државните органи“, се наведува во соопштението на адвокатскиот тим на Мијалков.
Поранешниот шеф на тајната полиција во вторникот беше приведен и однесен во скопскиот истражен затвор Шутка на 30 дневен притвор, определен по предметот „Таргет-Тврдина“ случај за масовното прислушување и уништување на апаратите за следење на комуникациите.