Италијански град во кој можете да купите куќа за едно евро
Дали ви недостасуваат сончеви зраци во овие студени зимски денови? Последната понуда од Италија може да биде инјекцијата со витамин Д која ја барате. Сега можете да купите куќа на прекрасниот италијански остров Сицилија по цена помала од онаа на едно еспресо.
Градот Самбука е сместен на врвот на еден рид од каде има прекрасен поглед. Десетици живеалишта од овој град се продаваат за само едно евро. Целта е да се оживее заедницата која, како и многу други рурални места во Италија, страда од депопулација во последните години бидејќи жителите се селат во поголемите градови.
Поради тоа што бројот на населението се намалува, тој вели дека на градот му се потребни луѓе од надвор за тој да не се претвори во рушевини.
Според Качопо, веќе се продадени околу десет куќи.
-Има уште десетици други, но потребно им е реновирање. Ни се јавуваат луѓе од Швајцарија, Франција и Шпанија и добиваме многу барања – објаснува тој.
Качопо се надева дека новодојдените жители ќе помогнат да му се даде нов живот на градот, поттикнувајќи ја локалната економија и зачувувајќи ги архитектонските богатства.
Сепак, потребна е работа. Напуштените куќи кои се на продажба се полни со грамади камења и заборавен мебел, покриен со пајажини.

