Следната недела доаѓа невреме со врнежи од снег

Страшно невреме проследено со септемвриски снег му се заканува на регионот, предупредува Славчо Поповски преку порталот МетеоАларм.
Тој вели дека постои опасност од невреме кое може да предизвика штети во сите земји од регионот, а предупредува и на можност за локални поплави.

„Со продорот на многу постуден воздух од север, в недела се очекува и првиот снег на највисоките планински места од Балканот. Можно невреме во сабота и во Македонија, па затоа крајна претпазливост. До сабота температурите ќе бидат натпросечно високи и на многу места ќе се искачуваат над 30 степени, додека во најтоплите централни и југоисточни предели температурите се очекува да се искачат дури и над 35 степени. Од недела па натаму и во Македонија следува позначително заладување на времето и пад на температурите за околу, а понекаде и за повеќе од 10 степени. Ако вака останат работите, во текот на следната седмица се очекува и првиот снег за оваа сезона на највисоките ланински врвови во Македонија. Со овој продор од север кажуваме крај на летото за оваа година“, пишува Поповски.

Translate »