Викенд препорака: посета на Кањон Матка

Природните убавини кои ги крие нашата земја се далеку познати, но ретко кој од нас посетил поголем број од истите. Некогаш од немање време, или пак од недостаток на желба или нечувствување предизвик.
А тие се толку блиску до нас, интересни и автентични кои едноставно пленат со својата убавина!
Кога ќе најдете такво место, со прекрасна глетка, мир и изобилие на преубава природа, секогаш се нервирате ако треба истиот ден да се вратите дома. А такви места во Македонија има во изобилие! Треба само да се има авантуристички дух, ентузијазам и желба за истражување.
Кањонот Матка е вистинското место за вас. На само 15 км од центарот на Скопје, кањонот на реката Треска претставува одлична дестинација за престој во природа, за релаксација и уживање. Тука се крие таинствен свет со високи карпи, чудесни пештери, разни ендемски видови дневни и ноќни пеперутки, лековити води и растенија. Интересно доживување е возењето со кајак или чамец по тесниот кањон, а од двете страни воодушевува прекрасната глетка со стрмните издигнати карпи. Во Матка има и десетина пештери, со различна големина и старост, со должина од 20 до 176 метри.
Со својата богата историја, бујна природа и ендемски животински и растителен свет, Матка е одлично прибежиште за излет или едноставно за традиционален ручек.


Посебно се истакнува ресторанот и хотел Кањон Матка. Простор каде  доминира опуштена атмосфера и одлична храна, каде гостите се чувствуваат како дома и уживаат во традиционалните македонски специјалитети пренесени од нашите баби и дедовци. Далеку од градскиот метеж со прекрасна тераса и глетка која плени со својата убавина. Не е случајно што е омилено сврталиште на познати лица од нашето опкружување и од регионот, гости кои знаат да препознат добра храна, и кои ако треба ќе поминат и стотици километри за да уживаат со сите свои сетила во ова прекрасно место.

Не е случајно што реномираниот Guardian го вброи кањонот Матка меѓу десетте најубави кањони во Европа кои се лесно достапни за авантуристите и нудат одлични погледи и добри патеки за шетање.
Па така, утре без многу размислување одиме во Матка.
https://www.booking.com/hotel/mk/canyon-matka.sr.html?fbclid=IwAR0EEU6DapZX-IdGoFJdUt2YSh3Z6cNQp3Y2RDUO9ep0mH2qTEGUYrmh9b8

Translate »