20 илјади пензионери од Еуростандард банка, до септември остануваат без пензија
До вчера, кога беше рокот да го сторат тоа, околу 30.000 пензионери кои што земале пензија преку Македонска пошта, отвориле сметка во друга банка, па поради тоа ќе можат да ја подигнуваат својата пензија.
Останатите 20.000 кои што не успеале да го сторат тоа, нема навремено да ги добијат своите месечни приходи.
Од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување велат дека тие ќе имаат можност да го направат тоа, но подоцна.
Инаку, пензионерите не треба да одат во ПИОМ, туку само да ја известат новата банка преку отворена сметка дека сакаат да ја примат пензијата или пак социјалната помош која што им следува.
Моментално се бара нова банка која што ќе опслужува на шалтерите на поштите.