НЕПОДНОСЛИВА НАЕЗДА НА КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ: ГРАДОТ СО НОВО ВОНРЕДНО ПРСКАЊЕ ВО ВТОРНИК

Врие комарци во Скопје и покрај тоа што Градот досега 4 пати прскаше. Само една недела од последното авионско прскање, кое Град Скопје го спроведе минатиот викенд, низ сите населби во градот има наезда на комарци.

Поради изразената влага во вегетацијата која придонесува за поголемо размножување, во консултација со надлежните здравствени служби, Градот Скопје донесе одлука во вторник да спроведе вонредно прскање на комарци, соопштија оттаму.„За потсетување, оваа година Град Скопје изврши 4 авионски и 4 терестични дезинсекции на подрачјето на градот Скопје против возрасни форми на комарци и против ларви од комарци.

Последната фаза од авионското прскање беше изминатата недела, односно на 15 и 16 август, а терестичната дезинсекција се одвиваше од 17 август до 21 август.

Дезинсекцијата Градот Скопје ја спроведува според сите светски и европски стандарди, а средството кое што се користи е од најдобриот светски препарат, производство на Бајер – Германија, а прскањето и растварањето на средството се врши согласно упатството на производителот, а под надзор на комуналните служби на градот.

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши во истиот термин првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни.

Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите“, се вели во соопштението од градот. 

Translate »