Визии од детството во новите уметнички дела на Горан Боев
После разни експерименти, превирања и дилеми во сликарството, авторот Горан Боев одлучува повторно да им се врати на детските возбуди и мечти, искуства низ призмата на детското око кое е, смета авторот, единствен филтер на човековите чувства и доживувања во вистинска смисла.
Да го покаже светот на децата, неоштетен од човечката суета, чист, отворен полн со искреност, благодарност и радости.
Единствена цел на авторот во овој циклус на слики е да се наврати на детските доживувања, да ги потсети останатите луѓе на нивните детства, радосни или не, но во секој случај да ги врати во сржта на своето постоење кое во огромен дел е загубено во овие современи “стилови” кои ги живееме и “вредности” по кои посегаме.
Ликовите дела се во комбинирана техника, претставуваат олицетворени идеи, фантазии и спомени од детството на авторот. Дела со кои Горан Боев ја отвора својата душа, не поттикнува повторно да размислиме за себе, за се она кон што посегнуваме и целиме. Не повикува малку да подзастанеме, да размислиме, едноставно повторно да го разбудиме детето во нас, да бидеме подобри, посреќни.