Пет работи кои би ги променил-Дејан Стоев оперски пеач

Дејан Стоев e лирски- тенор вработен во Македонска опера и балет како солист, со преку триесет улоги зад себе. Неговиот репертоар е разновиден. Од детски претстави до главни улоги, но она по кое што е најпрепознатлив се оперетите: ,,Војвотката на чардашот,, ,,Љиљакот,Веселата вдовица….Тоа се улоги во кои освен пеење треба да се поседуваат и актерски способности. Член е на групата ,,Трио џентлмен,, кој е единствен поп-класичен состав на овие простори кои го негуваат овој стил на пеење. Тоа е комбинација на оперско со популарно пеење, кое во светот е веќе добро познато, најмногу по групата ,,Ил диво,,. Приватно е горд сопруг и татко на две ќерки.

1. Би сакал со моето семејство да не мора да го дишиме загадениот воздух во Скопје.

2.Би сакал да има повеќе  култура на телевизија, а помалку политика.

3.Би сакал да се намали напливот на самонаречени ,,пеачки ѕвезди,,од соседството во Македонија.

4 Би сакал луѓето да знаат повеќе да ги вреднуваат работите.

5. Би сакал повеќе вистинско смеење и дружење наместо толку многу социјални мрежи и илјадници виртуелни пријатели

Дејан настапува и со ,,Трио џентлмен,,неговите двајца колеги се професионални оперски пеачи кои покрај класична музика тие изведуваат и светски поп-хитови изведени во класичен поп-манир, наполитански канцони, шпански песни, руски романси и, секако, македонска музика.

 

Translate »