Кое човече сте на дрвото? Одговорот ќе ви покаже кој сте и што треба да смените
Британскиот психолот Пип Вилсон тестов го направил за деца од претшколска возраст , а потоа се покажало дека е релевантен и за возрасни. Изберете го човечето кое најмногу личи на вас , а потоа она на кое вие би сакале да личите. Изборот ќе ви покаже кој сте и што треба да промените за да станете онакви какви што сакате.
-Ако сте ги избрале позициите 1, 3 ,6 или 7 , вие сте мотивирана личност , која не се плаши од пречки и бариери во животот
-Ако сте ги избрале броевите 2, 11, 12, 18 или 19, тоа значи дека сте комуникативна личност која секогаш им дава поддршка на своите пријатели.
-Изборот на човечето под бројот 4 , ве дефинира како личност која има стабилна позиција во животот, личност која сака да оствари многубројни успеси, но при тоа не сака да се судри со тешкотии
-Бројот 5 : вие постојано сте уморни и ви недостасува животна сила
– Ако го избравте бројот 9 , вие сте весела личност која сака да се забавува.
-Бројот 13 или 21 : вие сте затворена личност , со премногу внатрешни грижи и избегнувате чести комуникации со луѓето.
-Број 8 : вие сакате да се повлекувате во себе, да размислувате за себе и живеете во свој сопствен свет.
-Ако сте ги избрале броевите 10 или 15 , вие имате нормална адаптација во животот и се наоѓате токму таму каде што сакате да бидете.
-Бројот 14 значи дека сте емотивно долу, најверојатно имате внатрешна криза
-Позицијата број 20 ја избираат луѓето со висок степен на самодоверба , вие сте природен лидер и сакате луѓето да го слушаат вашето мислење.
-Човечето број 16 значи дека се чувствувате уморно од луѓето кои мора да ги поддржувате или поткрепувате, но во исто време, бидејќи сте прегрнати од бројот 17, вие сте личност која сака да биде опкружена со внимание, исто како и 17-ката на која и треба љубов од блиски луѓе.