Медицинска сестра уапсена под сомнение дека убила 8 бебиња на одделот за неонаталогија
Луси Летби е уапсена во својот дом во Честер. Полицијата ја поврзува 28 годишната медицинска сестра со смртта на 17 бебиња во болницата ” Chester Hospital, во Англија. Специјална единица ја пребарува нејзината куќа , а се води интензивна истрага и во болницата.
Апсењето на младата Летби ги изненади нејзините колеги, бидејќи таа е позната како грижна и амбициозна медицинска сестра, која, меѓу другото, била лидер во кампањата за собирање средства за изградба на нов оддел во болницата, 3 милиони фунти. Таа била присутна и во медиумите, давала интревјуи за пожртвуваноста на одделот за новородени бебиња и хуманоста на нејзината професија. Живеела сама во куќата вредна 180 000 фунти, со своите две мачки. Нејзините родители се во состојба на шок, ја опишуваат ќерката како пожртвуван медицински работник и високо морална личност.
Внатрешната истрага во болницата покажала дека последните 20 месеци пораснал бројот на случаи на смрт кај прерано родените бебиња . Во повеќето случаи, бебињата умирале откако ненадејно им откажувало срцето и белите дробови. Во медицинскиот извештај се наведува дека по смртта, на екстремитетите на новороденчињта се појавувале чудни подливи. Откако експерти се согласиле дека не можат да утврдат кои се причините за овие ненадејни смртни случаи, била повикана полицијата.
Бројот на смртни случаи на прерано родени бебиња во болницата драстичнио скокнал во 2015 година:
2009 – 3
2010 – 1
2011 – 3
2012 – 3
2013 – 2
2014 – 3
2015 – 8
2016 – 5