Протече приватно писмо од Меган Маркл: “Ми го скрши срцето на милион парчиња”

Во јавноста протече приватно писмо од Меган Маркл кое наводно минатата година му го испратила на својот татко. Во писмото кое е напишано рачно, Меган му признала на својот татко дека ѝ го скршил срцето на милион парчиња и го замолила да престане да шири лаги за неа и да ја искористува нејзината врска со принцот Хари за да добие пари.

“Им рече на новинарите дека си ми кажал дека нема да дојдеш на венчавката. Тоа е лага, никогаш не ми се јави”, напиша Меган во писмото кое го објави Дејли Меил. 

“Секогаш те сакав, бранев, ти нудев било каква финансиска помош која можев да ти ја понудам, се грижев за твоето здравје…Секогаш прашував како можам да ти помогнам. Поради тоа беше грозно од медиумите да дознаам за твојот инфаркт. Ти ѕвонев и пишував пораки, молев да ја прифатиш мојата помош. Дури и испративме човек кај тебе дома. Но, наместо да ми се јавиш и да прифатиш било каква помош, ти престана да одговараш и продолжи да разговараш само со медиумите”, вели Маркл.

“Ако ме сакаш како што им кажуваш на новинарите, те молам престани. Те молам, дозволи да го живееме својот живот на мир”.

Во писмото од пет страници се споменуваат и нејзините полусестри кои редовно ја посрамотуваат во медиумите.

“Те молев да престанеш да читаш магазини. Но, ти на дневна база се навлече на лагите кои ги пишуваа за мене, особено оние кои ги создаде твојата втора ќерка, која речиси не ја ни познавам…Ме гледаше како тивко страдам поради нејзините лаги”, напиша Меган Маркл.

Translate »