Македонскиот бренд Пункт Мебел го освојува англискиот пазар
Кога создавате мебел со врвен квалитет и модерен дизајн, прашање на време ѐ кога тој ќе се наметне на меѓународниот пазар. Не е едноставно, особено ако доаѓате од мала земја, која не е членка на ЕУ, но предизвикот е уште поголем. Таква е приказната на македонскиот производител на мебел, компанијата Пункт Мебел која повеќе од 10 години успешно се наметнува на конкурентниот интернационален пазар.
Специјално за софистицираниот англиски пазар, Пункт Мебел креираше посебна линија на производство на троседи и фотељи, по специјален дизајн, и со најквалитетни материјали. Станува збор за мебел изработен по светски стандарди кои ги задоволуваат најсофистицираните потреби и барања на купувачите. Мебел изработен од највисока класа на природна кожа, набавена од еминентни италијански кожари, како и од висококвалитетен штоф изработен по најсовремена Aquaclean технологија, во различни бои и дезени кои дозволуваат долги години гаранција и најсовремена иновација за чистење на било какви дамки и нечистотии со обична вода. Aquaclean технологијата овозможува да се отстранат флеките со малку вода. Штофот е изработен од заштитен слој кој не пропушта да се дојде до ткаенината. Независно дали ви се истурило мастило, кафе , вино, или масло на вашиот кревет, со малку вода флеката изчезнува.
Пункт мебел моделите имаат квалитетен сунгер со различна густина овозможувајќи удобност и трајност на формата. Во нив е вградена букова конструкција која овозможува дојготрајност и издржливост на мебелот, а дури и најситните материјали мора да се од највисок квалитет набавени од познати светски и европски добавувачи.
Креираме мебел во соработка со познати светски дизајнери на мебел, како и со домашни и странски архитекти вклучително и соработка со Факултетот за дизајн и технологии на мебел и ентериер. Досегашното искуство не научи дека производството на тапациран мебел е на некој начин производство на среќа и топлина за едно семејство, но тоа е можно само со производство на премиум класа на мебел, изјави Миро Крстевски, заменик директор во Пункт Мебел.
Пункт Мебел е извозно орентирана компанија која околу 75% од целокупниот производствен капацитет го пласира на меѓународен пазар. Од тоа најголеми пазари и држави во кои ги пласира своите производи се: Англија, Швајцарија, Германија, Косово,Србија, Хрватска, САД, Романија, Словачка и Холандија. Покрај редовниот извоз во овие држави компанијата изведува меѓународни проекти за разни деловни објекти, згради, апартмани и хотели. Пред извесно време се заврши проект во Грција и моментално се работи на друг за Бахраин.