Синот на Тина Тарнер си го одзеде животот
Крег Рејмонд Тарнер (59) се самоуби со огнено оружје во својот дом во Студио Сити, Калифорнија. Обдукцијата покажала дека сам си пукал во глава со пушка сачмарка.
Тина Тарнер на само 18 години го родила Крег . Тогаш таа била во врска со саксофонистот Рејмонд Хил. Кога во 1962 година се омажила за Ајк Тарнер, тој го посвоил Крег како свој син. Мајката и синот секогаш биле во комплицирани односи.
“Тој беше емотивно дете, секогаш ја наведнуваше главата. Беше многу тажен. Се сеќавам, кога еднаш Ајк ме тепаше, Крег чукна на вратата и праша: Мамо, добра си? Тогаш го замолив Ајк да не ме тепа веќе пред децата за да не слушаат”, раскажа Тина Тарнер во емисија кај Опра Винфри во 2005-тата година.
Крег никогаш не се оженил и немал деца.