“Не ја правете истата грешка како Италија, цела Европа ќе биде во блокада за 10 дена”

Поранешниот италијански премиер Матео Ренци, истакнал дека земјите не смеат да губат време и да ја направат истата грешка како Италија.

Сите европски земји би можеле да воведат тотална блокада поради коронавирусот како Италија во рок од 10 дена, ако не успее спречувањето на ширењето на новата зараза, предупредил поранешниот италијански премиер Матео Ренци, пренесува британски “Sun”. 

Поранешниот италијански премиер предупредувањето го пратил во среда.

“Денес, црвена зона е Италија, но ако мерките за заштита не успеат, црвена зона ќе биде цела Европа”, предупредил Ренци.

Тој ја предупредил Европа “да не ја прави истата грешка како Италија”, истакнувајќи дека никој не смее да ризикува да губи време, како што направила Италија.

“Многу луѓе минатата недела одлучиле во Франција, Германија и Велика Британија да одат во музеи, на кино и на театар, бидејќи сакат да покажат дека не се плашат. Тоа е можеби добра реакција кога ќе се случи терористички напад, но кога станува збор за вирус, мора да се избегнува одење на јавни места”, додал тој.

Моменталниот премиер на Италија, Џузепе Конте подоцна рекол дека сите продажни места во земјата, освен аптеките и продавниците, ќе бидат затворени.

Смртоносниот вирус се заканува да ја “проголта” Европа, а во опасност се 70 проценти од граѓаните, велат европските лидери.

Translate »