Го закопале жив, бил парализиран и не можел да зборува: Мистериозната смрт на Александар Македонски по 2000 години конечно се разоткрива
Една од најчестите ноќни мори наводно е да бидете прогласени за мртви додека сте всушност живи и заробени во сопственото тело.
Смртта на големиот војсководец и владетел Александар Македонски е мистерија повеќе од 2000 години. Дали тој бил убиен, отруен, дали се опил до смрт или починал од маларија или тифус?
Новата теорија вели дека можеби ништо од горенаведеното не е точно, туку станува збор за нешто многу, многу полошо. Легендата вели дека неговото тело не покажувало природни знаци на распаѓање цели шест дена по неговата смрт. Неговите пријатели сметале дека тоа е знак дека Александар е навистина бог и херој, но модерната наука вели дека тој пател од ретка автоимуна болест која го парализирала и му оневозможила да комуницира, иако бил потполно свесен, така што починал шест дена подоцна.View image on Twitter
Mystery of Alexander the Great’s gruesome death may have finally been solved https://www.mirror.co.uk/science/mystery-alexander-greats-gruesome-death-13950651 …81:58 PM – Feb 4, 2019See Mirror Tech’s other TweetsTwitter Ads info and privacy
Кетрин Хол од медицинскиот факултет при универзитетот Отаго, Нов Зеланд, вели дека Александар можеби пател од Гилен-Бареов синдром кој се одликува со нагло пропаѓање и слабеење на мускулите, предизвикано од штетата која имунолошкиот систем им ја нанесува на нервите.
“Смртта на 32-годишниот великан е можеби најпознатиот случај на лажна смрт или лажна дијагноза во историјата”, вели Хол.
Александар Македонски е роден во 356-та година пред Христос, а го наследил тронот на 20-годишна возраст. Тој го освоил моќното персиско царство, Египет и дошол до Индија. До 25 години, владеел со тие големи и бескрајно различни територии на три континенти.
Починал во денешен Ирак, во 323-та година пред Христос. Запишано е дека имал грозница и болки во абдоменот, а толку станал слаб што не можел ниту да оди ни говори. Меѓутоа, како што истакнува Кетрин, сите историски извори се сложуваат дека тој до самиот момент до смртта бил крајно луциден, а тоа е, како што вели таа, клучот на мистеријата.
“Сум видела можеби десет случаи на овој синдром, а кај таа болест сум забележала потполна парализа, но недопрени ментални способности”.
“Неговиот вид веројатно бил заматен и можеби во еден момент, поради нискиот крвен притисок, паднал во кома. Сепак, постои голема шанса тој да бил свесен за својата околина и да слушал. Можел да слушне како се расправаат околу тоа како ќе се подели царството”.
Фактот што тој не се распаѓал не била божествена интервенција, туку просто резултат на тоа што тој сѐ уште не бил мртов.
“Синдромот е единственото нешто што ги поврзува сите точки во една целина и тоа објаснува сѐ за неговата смрт. За жал, тоа засега останува недокажано, така што мистеријата продолжува да живее”, заклучува Хол.