(Видео) Камерманот на УС Опен ги разбеснил луѓето – ја снимал тенисерката додека се пресоблекува
Тениските навивачи на социјалните мрежи го критикувале камерманот на УС Опен поради тоа што ја снимал Ига Швјонтек додека се пресоблекувала на клупата.
Тенисерката од Полска во еден момент од натпреварот одлучила да се пресоблече, а камерманот сето тоа одлучил да го „улови“, па не го тргал кадарот од неа.
Камерманот наишол на осуда од многумина кои поради тоа го прозвале и тврделе дека „можел да ја тргне камерата на друга страна“.
Оние кои застанале на негова страна тврдат дека тоа е „само негова работа“ и дека „не направил ништо лошо“ поради тоа што таа сама се пресоблекувала на самиот терен.
Моментот од пресоблекувањето набрзо потоа се појавил и на социјалните мрежи.
Погледнете го видеото: