Заборавете ја Франција – од Македонија доаѓаат врвни вина

Виното е можеби еден од најраспространетите алкохолни пијалаци во светот, кои најчесто се консумираат. Најпозната европска земја за производство на вино е Франција. Кој и да ја посети оваа земја веднаш посегнува по најквалитетните вина. Но, сајтот за вино vinepair, реши да сподели со своите читатели уште неколку земји кои произведуваат исто така добро вино, освен Франција. На оваа листа се најде и Македонија!

Англија

Англија е земја каде што се продуцира квалитетно вино со над 450 винови лози во јужниот дел од земјата. Климата е таква што овозможува производство на Chardonnay, Pinot Noir и Pinot Meunier, а додека 2/3 од англиските вина се пенливи и слични на шампањско.

Мароко

Иако повеќето не очекуваат квалитетно вино да потекнува од Северна Африка, факт е дека цели 12км вода ја оддалечуваат Шпанија од овој дел на Африка. Мароко има најголем потенцијал за квалитетно производство на вино со оглед на високите планини и ладната клима од Атлантикот. Окупирано од Французите во минатото, Мароко има долга историја со вино. Најчесто се произведуваат црвени вина како што се Carignan, Cinsault и Grenache, но исто така и интернационално познатите Syrah, Cabernet и Sauvignon Merlot, додека од белите сорти се произведуваат Chenin Blanc, Muscat, Clairette, Sauvignon Blanc и Chardonnay.

Либан

Не само што овде има и најквалитетни вина, туку и некои од вината произведени во Средниот исток се едни од најскапите вина во светот. Во последните години, токму производството на вино мошне се разви во Либан, а денес овде се бројат околу 35 винарии. Ги подготвуваат најпознатите вина, но и две многу познати сортни вина за овој регион, Merweh и Obeideh.

Македонија

Македонија, се уште се труди да се издигне како земја во која се произведува квалитетно вино. Поради новите инвестиции во оваа земја, Македонија зема голем замав и продажбата на вино почна на широко да се распространува. Благодарение на сонцето, медитеранската и континенталната клима, како и карпестата почва, многу фамилии произведуваат вино во домашни услови. Најпознат регион кој изработува вино е Повардарскиот, кој се наоѓа во централна Македонија. Најпознато вино е Вранец, кој има силен вкус и јака боја. Потенцијалот на грозјето овде е голем, па Македонците се трудат да направат вина кои ќе бидат интернационално познати. Од Македонија доаѓаат врвните вина на Бовин, Агупка, Ера и My Way

Мексико

Благодарение на Пацификот, овде има ладна клима навечер која им овозможува на тамошните жители да одгледуваат грозје од сортата на Bordeaux Rhone, Tempranillo, Nebbiolo, Zinfandel и Chardonnay. Модерната индустрија за производство на вино се уште е нова, но ентузијастичните производители имаат огромен потенцијал за светла иднина.

Бразил
Бразил е третиот најголем производител на вино во Америка. Сепак, поголемиот дел од Бразил нема соодветни климатски услови за одгледување на винови лози, бидејќи климата е тропска. Но, од 1990-те години, квалитетот на виното се подобрува и жителите почесто го произведуваат за домашна употреба. Бразил нема некое познато вино, но произведува различни сорти, како што се Merlot, Pinot Noir, Sauvignon Blanc, Syrah, Gamay, Tempranillo и Touriga Nacional.

Уругвај

Се работи за мала крајбрежна земја, која има околу 300 винарии, од кои 40 произведуваат квалитетни вина за извоз. Повеќето вински региони се сместени во јужниот дел од земјата, каде што климата е релативно поладна. Виното кое потекнува од оваа земја се нарекува Tannat, кое е темно вино што може да биде остро на првата голтка. Исто така овде се произведуваат и вина од сортите на Sauvignon Blanc, Chardonnay и Viognier.

Винарија Бовин-автентична винска приказна која веќе 22 години никого не остава рамнодушен!

Виното го намалува ризикот од срцеви болести

Translate »