Старова: Додека билдаме „Никогаш Северна“, ќе останеме осамена Македонија
Нашето присуство беше пресудно за многу работи, особено за Преспанската спогодба. Помеѓу ФИРОМ и Македонија со придавка, мислам дека второто е многу подобро за ушите. Разочарувачки е тоа што не добивме датум. Додека билдаме „Никогаш Северна“, ќе останеме осамена Македонија, рече пратеничката од независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Нола Исмајловска-Старова.
Таа кажа дека требало да бидат повикани на средбата кај претседателот Стево Пендаровски, бидејќи нивната пратеничка група брои осум пратеници во Собранието на Република Северна Македонија избрани од народот.
„Кога беше прашањето за името, ние бевме многу конструктивни и треба да бидеме прашани и за многу други работи. Треба да и покажеме на Франција дека нема да однесеме само вкусно вино и храна, туку и многу други работи. Да се разбудиме од разочарувањето и да работиме, надорот на Република Северна Македонија заслужува да ги осети бенефитите. Горко е чувството да останеме без датум кога нема конкретни забелешки“, рече Исмајловска-Старова.
Според пратеничката, наместо да тапкаме како Србија во место, ние поврзо ќе ги затвориме прашањата.
Александар Тодески
Фото: Борче Поповски