Зеленски доживеа сообраќајна несреќа
Украинскиот претседател Владимир Зеленски имаше сообраќајна несреќа, но не е „сериозно повреден“, изјави денеска неговиот портпарол, пренесе Би-Би-Си.
Патничко возило се судрило со претседателското возило и неговата придружба во Киев, се вели во кратката изјава на Сергеј Никифоров.
„Претседателот беше прегледан од лекар, не беа констатирани сериозни повреди“, рече портпаролот.
На лице место му била укажана помош на возачот на автомобилот кој налетал на колоната во која се наоѓало возилото на претседателот, а бил однесен со возило на брза помош.
Никифоров рече дека полицијата врши увид за околностите на сообраќајната несреќа, не наведувајќи детали.