Најчестите еротски соништа што ги имаат скоро сите, ама никогаш не би признале
Секој има еротски соништа, барем одвреме-навреме, но дали знаевте дека сонувањето за секс може да ја открие вашата потсвест?
Според новото истражување спроведено од страницата за запознавање Ilicit Encounters во кое учествувале 1.000 мажи и 1.000 жени, жените најчесто сонуваат да имаат секс со блиска личност – пријател. Но, најпопуларниот сон за мажите е нешто сосема друго – секс со бивша.
Се разбира, важно е да запомните дека не треба да ги сфаќате вашите еротски соништа премногу сериозно, бидејќи тоа не мора да значи дека сакате тоа да се случи. Нешто помалку од три четвртини од анкетираните жени изјавиле дека сонувале дека имаат секс со другар, додека 68 проценти размислувале за секс со колега од работа.
Дури 62 проценти од анкетираните жени рекле дека размислувале за секс со странец, а само 58 проценти рекле дека сонувале за нивниот сегашен партнер.
Петтото место го зазеде сон поврзан со изневерување на партнерот – нешто повеќе од половина од жените (57 проценти) сонувале дека нивното момче или сопруг ги изневерува.
Истражувањето на Ilicit Encounters, веб-страница специјализирана за луѓе кои се во брак и сакаат да најдат некој „на страна“ покажа дека соништата на мажите се сосема различни.
Мажите најчесто имаат еротски соништа поврзани со секс со поранешна партнерка – 92 проценти од мажите го сонувале овој сон, наспроти 54 проценти од жените.
Втор најчест, но најнепопуларен машки сон е кога сексот со која било личност тргнува во погрешна насока – 76 проценти од мажите го сонувале овој сон.
На трето место се најде еротскиот сон за оргии, што го имале 72 проценти од мажите, но го зазеде деветтото место на листата кај жените.
Истражувањето покажа дека 68 проценти од мажите размислуваат за секс со позната личност, а 59 проценти за секс на јавно место.
Еротските соништа исто така се покажаа доста популарни кај 93 проценти од испитаниците кои рекле дека редовно ги имаат. Повеќе од една четвртина од луѓето изјавиле дека имаат еротски соништа на секои неколку дена.
Izvor Kajgana.com