Политичар тепа новинар на сред интервју

Локалниот политичар Сергеј Зајцев е под истрага и е исфрлен од партијата , откако претепа новинар. Телевизиската екипа на Русија 24 го прашал локалниот функционер за лошите услови во кои живеат лицата кои го преживеале пожарот во Република Хакасија.

Пожарот се случил во 2015 , а политичарот Зајцев тогаш е обвинет за запоставување на должноста поради што неколку лица починале во прифатилиштето за преживеани. Тој бил осуден на четиригодишна затворска казна,бил помилуван и  пак се вратил на функцијата.

Жртвите на пожарот велат дека со години очекуваат да ги добијат домовите ветени од државата , но попусто. Токму тоа го прашувал новинарот , па политичарот збеснал и го претепал.

Зајцев е исфрлен од партијата Обединета Русија , откако насилството врз новинарот стана прва вест во медиумите.

Translate »