Од бес уринирал врз копчињата во лифт, ама го стигнала кармата (видео)

На тинејџер може сешто да му притекне, но вакво нешто е навистина далеку од памет. Надзорните камери во  грдаот Чонкинг во Кина  го снимија момчето како  уринира врз копчињата на лифтот, го затвора шлицот и чека да дојде на својот кат и да излезе.

Но, кармата може да биде гадна работа.

Токму пред да излезе, вратата се заглавува и тој во  паника почнува да ги стиска копчињата кои пред малку ги измочал, но бадијала. Поради краток спој , лифтот со часови останал заглавен,а момчето го спасиле од лифт службата.

Надзорните служби го виделе видеото дури откако го пуштиле тинејџерот, така што поминал без соодветна казна, освен можеби стресот што го претрпел.

Translate »