Свингерскиот пар: Имавме секс со Ивана, ама не ја убивме
Минатата година голото тело на 18-годишната манекенка Ивана Смит беше пронајдено на балкон на шестиот кат на зградата во Куала Лумпур. Ноќта пред смртта темнокосата убавица ја поминала забавувајќи се со брачен пар кој последен ја видел жива. Нивниот стан се наоѓа на дваесеттиот кат во истата зграда, а истражителите заклучиле дека само од нивниот балкон можела да падне на шестиот кат.
Ивана пристигнала во Куала Лумпур две недели пред смртта за да настапува на ревија. Во нејзиното тело се пронајдени алкохол, амфетамини и екстази, но истрагата околу смртта на девојката се уште е во тек.
По неколку месеци молчење богатиот американски трговец со криптовалути Александер Амад Џонсон и неговата сопруга Луна одлучиле да проговорат за кобната вечер. Тие тврдат дека вечерта имале секс со девојката, која доброволно стапила во односи со нив.
На снимките од безбедносните камери се гледа дека во зградата влегуваат во пет часот наутро, пет часа пред да биде мртва.
-Ни кажа дека има 26 години, тврдат 44-годишниот Алекс и 31-годишната Луна, кои објаснуваат дека имаат отворен брак. Тврдат дека не знаат што се случило со девојката после сексот, уверени се дека падот е несреќен случај. Засега истрагата не може да докаже дека Ивана е убиена. Оградата на балконот е висока околу еден метар, а на неа се најдени отисоци од стапалата на Ивана.