Шекил Онил со неверојатна приказна за заштеди и инвестиции

Легендарниот НБА кошаркар Шекил Онил кој доминираше во својата ера како еден од најмоќните центри, денес е успешен бизнисмен со огромно богатство вредно над милијарда долари.

Големиот Шек открива дека не секогаш бил финансиски одговорен. Кога потпишал голем спонзорски договор со компанија за кредитни картички, во само еден ден потрошил 1 милион долари. Парите ги дал веднаш за два луксузни Мерцедеси, го отплатил целиот долг на неговата мајка и си купил накит.

Меѓутоа една случајна средба во кафе бар со познатиот финансиски советник Лестер Книспел целосно го променило начинот на кој располага со парите и штедењето.

Книспел многу едноставно му покажал една салфетка замислена како банкнота од 100 долари и ја скинал на половина. “Сега имаш само 50 долари за трошење”, му рекол Книспел. Но, и втората половина ја поделил и му порачал дека тоа е разликата меѓу супер богатите и успешни луѓе, односно секогаш да заштедува барем 75% од неговите приходи и средства.

Кошаркарот од челик тоа сериозно го сфатил и навистина се трудел голем дел од своите средства да ги вложува во заштеди, пензија, осигурување, даноци и фондови.

Шекил 4 пати ја освојуваше шампионската титула и важеше за играч која сака да ужива и надвор од терените, па затоа неговиот вистински успех во животот е да изгради моќен медиумски бренд, како и да вложи паметно во неколку компании од кои најпозната и најуспешна е Papa’s John’s.

Translate »