Зошто жените на овие простори го обожаваат свежо меленото кафе?

Жените на овие простори се навистина нешто посебно! Истовремено силни и нежни, внимателни и храбри, паметни и инспиративни, убави, насмеани, гласни, ги гледаме секојдневно како итаат, растејќи ги нашите нови генерации и храбро менувајќи го светот во кој живееме.

Што е тоа што ги прави нашите жени толку блиски?

Несомнено, една од најважните нешта е поврзаноста и близината помеѓу генерациите, и пријателството и помошта која бабите, мајките и внуките ја имаат меѓусебно. Можеби ги немаме сите пари на светот, но секогаш ќе го имаме оној женски глас кој е тука да ни помогне, да не’ смири и да ни даде совет како успешно да чекориме напред, да бидеме и мајки, работници, кралици, борци и победници. А ништо друго повеќе не ги поврзува како ритуалот на заедничкото кафе. Уживањето во вкусот и аромата на свежо меленото кафе, на моменталната опчинетост со него, на опуштените разговори, нешто што не би го смениле за ништо на светот.

Инспирацијата ја најдовме во Цвета, Славица и Марија, три генерации жени од едно семејство, кои не’ освоија со својата непосредност и симпатија, но и со нивната неверојатана поврзаност и искрено пријателство кое ниту годините, ниту проблемите, го немаат скршено. Напротив, како што и самите велат, токму нивната силна поврзаност го одржува семејството среќно, исполнето и “на купче”.

Верувале или не, тоа што ги одржа заедно сите овие години е еден мал ритуал што го немаат пропуштено речиси цела деценија – заедничкото пиење на свежо мелено кафе! Каде и да се, што и да прават во текот на неделата, секоја сабота Славица, внуката Марија одат кај баба Цвета на “женско кафе”. А таму ги чека опојниот мирис на тазе вареното кафе и нејзината широка насмевка.

Низ смеа, велат дека нејзината кујна е најубавото кафуле што некогаш го посетиле, а во кое се чувствува мирисот на омиленото Гранд Кафе!

Цвета вели дека покрај тоа што е среќна што се чуствува сакана од помладите генерации, среќна е и што нејзините ќерка и внука имаат катче каде што можат слободно да растат и да учат една од друга, да се кикотат и да споделуваат слатки женски тајни, без да им досадува остатокот од семејството.

21-годишната Марија пак вели дека најубавите вредности ги научила токму во овие мали саботни ритуали. Од лојалноста и почитта кон постарите, до почитта и љубовта кон себе, или како што вели таа самата “кога нешто те мачи да знаеш како да се собереш, да ја дигнеш главата и од дистанца здраво да погледнеш на проблемот, и да не заборавиш дека најсилното оружје на жените е нивната сплотеност”.

Можеби е време да се потсетите – кога вие последен пат сте испиле едно свежо мелено кафе заедно со своите мајка и баба?

Translate »