Според грчките медиуми Мицотакис за македонските брендови предлага назив „Мacedonia“ a за продуктите од грчка Македонија да се користи називот „Мakedonia“
Грчките медиуми пишуваат дека Мицотакис предлага разликата да се направи на тој начин што трговските марки од земјава, во светски рамки би биле брендирани со името „Мacedonia“ a за продуктите од грчка Македонија би се користел називот „Мakedonia“.. Тој оваа идеја ја претставил пред претставниците на грчката Асоцијација на извозници на состанокот одржан во Солун.. Оттаму велат дека до неа дошол откако на Гугл пребарувал со зборот „Мacedonia“, и дошол до заклучок дека најголем дел од резултатите водат до името на нашата земја.. Идејата наиде на потсмев кај екс премиерот Ципрас.. „Како никогаш не ми текна на ова. Само смени го „С“ со „К“ и решен проблем, напиша Ципрас на Фејсбук