Дури 70 отсто од граѓаните земаат плата помала од просечната која и така не стасува

Црното економско трио на владата на СДСМ Зоран Заев, Кочо Анѓушев и Драган Тевдовски ја донесоа македонската економија до колапс. Залудни се обидите на власта со соопштенија да го замајува народот за наводните подобри услови за живот кои никој реално не ги почувствува, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Фактите говорат дека оваа влада не донесе ниту една поголема гринфилд инвестиција иако повеќе од две години се на власт. Странските инвеститори ја избегнуваат Македонија и парите ги инвестираат во соседните држави. Граѓаните се уште ја чекаат ветената просечна плата од 500 евра. Докторите се уште чекаат 100.000 денари плата. Над 500.000 наши граѓани живеат на прагот на сиромаштијата. Речиси 50 отсто од младите се невработени. Македонија има најмал раст на БДП во Европа. Реализацијата на капиталните инвестиции се очајни 6,2 отсто за првите три месеци што само ја потврдува неспособноста на оваа власт, стои во реакцијата и се додава

„Дури 70 отсто од граѓаните земаат плата помала од просечната која и така не стасува за подмирување на основните потреби за живот. Повеќе од 70 отсто од младите сакаат да ја напуштат земјава и подобар живот да бараат во странство. Бенефит имаат само фирми блиски на раководството на владејачките партии кои редовно ги добиваат големите тендери за набавки од парите на граѓаните. Тоа е начинот на кој СДСМ ја разбира економијата. Тоа се резултатите на работењето на оваа влада“.

Translate »