(ВИДЕО) ПРОДАВААТ КУЌИ ЗА ЕДНО ЕВРО: Телефоните не престануваат да ѕвонат

Откако огласија дека продаваат куќи за едно евро, во градот Самбука кај Палермо во Италија, телефоните не престануваат да ѕвонат во градскиот совет. 

Заменик градоначалникот Џузепе Качопо рече дека куќите ќе бидат продадени по цена на кроасан. 

Мерката е популарна во Италија, а е усвоена во јануари. Стотици луѓе од Велика Британија, Панама, Русија, Дубаи дошле да ги видат недвижнините. 

Имало интерес и од Сиднеј, Лондон, Њујорк. Неколку недели по пуштање на огласот, во локалната самоуправа примиле 100.000 мејлови. 

Во средата се продадени 16 куќи од кои најевтината за 1.000 евра, а најскапата за 25.000 евра. Другите се продадени за сума од 5.000 до 10.000 евра. 

Сопствениците на овие куќи се од Британија, Чиле, Израел и Русија. Уште 50 куќи се продадени приватно на странци. 

Сопственикот се обврзува во првите три години да вложи најмалку 15.000 евра, а од локалната самоуправа велат дека овие инвестиции се вистински благодет за нив. 

Вкупните инвестиции во куќите ќе чинат милион евра. 

Translate »