Македонски Телеком забрзано ја шири оптичката мрежa

  • Годинава поголемиот дел од Скопје ќе биде целосно на оптика
  • Се заменува старата бакарна технологија

Македонски Телеком продолжува со интензивно ширење на оптичката мрежа насекаде низ Македонија. Во делови од Скопје (Аеродром) услугите веќе се исклучиво на оптика, а старата технологија на бакар е демонтирана. Оваа година се планира масовно мигрирање на корисниците од бакар на оптика во поголемиот дел од главниот град, како и во сите делови на државата каде што има оптичко покривање.


Македонски Телеком ја има најголемата оптичка мрежа во земјата, со повеќе од 270 000 домаќинства со пристап до оптика, а секоја година ја прави достапна за уште 25 000 нови.

Придобивките од оваа технологија се: високи брзини на интернет, стабилност и квалитет на услугата.

Чекор понатаму во процесот на модернизација е целосното напуштање на бакарната инфраструктура. Ова е дел и од нашата стратегија за заштита на животната средина. Со воведувањето на новите технологии и напуштањето на старите, покрај тоа што се добиваат поголеми брзини и подобра услуга, драстично се намалува потрошувачката на електрична енергија и бакарот повторно се искористува како ресурс.

Оптиката е технологија којашто е потребна за да се постигнат гигабитни брзини  и основа за напредни комуникациски услуги и решенија потребни за дигитализација на општеството. За да ја овозможи оваа технологија за што поголем број корисници, Телеком посветено работи на забрзано ширење на оптиката и демонтирање на бакарот низ целата држава.

Translate »