Неофицијално, седуммина повредени во престрелката во Скопска чаршија
Вечерва по 20.00 часот се случи престрелка во „Шиша бар“ , во која се убиени две лица, познати на скопското подземје.
„На 06.03.2023 во 20.11 час. во СВР Скопје пријавено е дека во угостителски објект во Скопје неколку лица пукале кон Ј. К. и Е. И., кои починале на лице место, и кон А.Т., кој е пренесен во болница за укажување лекарска помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.“ , информираат од МВР
Неофицијално , третото лице им подлегнало на повредите. Во престрелката биле повредени најмалку седум лица, дознаваме неофицијално. Вечерва се дознава и за уште еден настан поврзан со престрелката.
Автомобил марка Ауди бил запален во скопско Визгегово, а се претпоставува дека автомобилот бил искористен од страна на напаѓачите во скопскиот “Шиша бар”.