Медицинска сестра влегла во болничката соба кај сопругот и му вбризгала цијанид

55 годишната Ирена Шаркањ од Хоргош е уапсена под сомнение дека го убила сопругот  така што му вбризгала цијанид во вената .

Инцидентот се случил минатиот месец во Суботица.  На сопругот на осомничената му се слошило и тој бил однесен во болница, на одделот за  реанимација каде добил лекарска помош.  По реанимацијата, сопругата која е медицинска сестра  во болницата, влегла во неговата соба и му вбризгала инјекција со непозната содржина.

Нејзиното влегување го забележале другите вработени. Таа била приведена  и испрашана од полицијата, но накратко потоа била пуштена. Веднаш потоа била примена на психијатрија поради голема вознемиреност.

По обдукцијата на телото на починатиот, утврдено е дека причина за смртта  на Иштван Шаркањ е труење со цијанид.  Полицијата повторно ја уапсила неговата сопруга  под сомнение дека таа го извршила кривичното дело, убиство.

 

Translate »