Мирјана Најчевска- Фатиме како Јованка Орлеанка, а не е!
Знам дека многумина ќе налутам, ама јас ете да си кажам.
Најмногу од се мразам култ на личноста.
Прво Киро го направивте витез на бел коњ, а не беше.
Па Бранко ми го шиткавте како премиер и претседател, а тој само уличен мангуп.
Па Љубчо одеднаш стана водач, а тој кутриот пропаднат петокласен поет.
Па она кецарошчето Груевски стана лицето од уљаните портрети, а гревот маалски џепарош.
Па Заев сакавте да го направите витез на коњ, а не е.
Па Катето чипка да ја прикажете како некој невиден интелект, а не е.
Па Фатиме како Јованка Орлеанка, а не е.
Супер забавно е да ја слушам Фатиме како раскажува за различните нешта кои ги добила, ама јас ете чекам кога како јавен обвинител ќе добие барем една вистинска пресуда против криминалците кои од позиција на власт неказнето си играа со правото 11 години.
Немој погрешно да ме разберете, сакам храбри жени и паметни и отворени и борбени. Само не сакам градење на култ на личноста било на жена било на маж.
Демократијата ја градат многумина не еден. Правила, критериуми и принципи, а не витези и витезки на коњи.
ФБ статус на Мирјана Најчевска