Градови во Македонија пред изчезнување!
Во дури 32 општини во Македонија во 2018 година имало повеќе умрени лица отколку живородени деца, а најновите податоци на Државниот завод за статистика откриваат дека во речиси сите поголеми македонски градови со ретки исклучоци има негативен природен прираст на населението..
Битола, Штип, Кочани, Охрид, Струмица, Гостивар, Берово, Ресен, Кичево, Валандово, Виница, Делчево, Крушево, Македонски брод, Кратово, Крива Паланка, Прилеп се градови во кои во овој период е забележан негативен природен прираст.
Демографите подолг период предупредуваат дека на цели села и градови во блиска иднина им се заканува исчезнување бидејќи во нив живее претежно возрасна популација, додека младите мигрираат во Скопје или надвор од земјата.
Единствени поголеми градови во кои има повеќе живородени отколку умрени лица во последните месеци од 2018 година се Скопје, Тетово, Струга и Гевгелија.
Ваквите бројки се сигнал дека надлежните мора да работат на нова демографска стратегија за земјава, но и на подобрување на условите за живот и можноста за вработување бидејќи станува извесно дека додека се дебатира за бесмислени политички прашања, нашата земја ќе остане без подмладок односно без население.
Strumica