Шарлиз Терон се здебели 16 килограми
Трејлерот за филмот-комедија “Tully” е тука, а во неа како главна протагонистка во филмот, глуми мајка на три деца, убавицата Шарлиз Терон.
Според првите кадри од филмот, новото остварување на режисерот Џејсон Рајтмен ќе ја прикаже реалната слика која најдобро ќе ја сфатат родителите.
Филмот “Tully” почнува кога братот на сестрата Марли, која ја глуми Терон, ќе и подари дадилка. Таа на почетокот се двоуми дали даго прифати подарокот, но подоцна ќе изгради грижлив однос со предизвикувачката дадилка Тали, која ја глуми Мекензи Дејвис. Но, се се комплицира кога сопругот „ќе фрли око“ на дадилката.
Шарлиз Терон, во последното интервју за Variety откри дека паднала во депресија затоа што за филмот морала да се здебели 15 кг, што веќе еднаш и се случи со филмот „Monster“.