Владата им нуди две шанси на вработените по рамковен за да почнат со работа
Околу 1300 вработените по рамковен кои повеќе од 10 години седат дома и земаат плата од државната каса, ќе им бидат понудени работни места,доколку ја одбијат првата ќе имаат можност за втора шанса, која ако ја одбијат ќе следи отказ.
Министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири се надева дека рамковно вработени, ќе ги прифатат новите работни места кои ќе им се понудат.
-Се надевам дека сите рамковно вработени, ќе ги прифатат новите работни места кои ќе им се понудат откако ќе биде изгласан законот за нивно прераспределување што го утврди Владата на последната седница.По стапувањето на сила на законот, министерството за политички систем и Министерството за информатичко општество и информатика ќе ги вкрстуваат податоците за да се увиди професионалната подготовка на сите кандидати, но ќе се земат во предвид и годишните планови за 2021 година, изајви Шаќири.
Откако законот ќе се изгласа во Собранието, најдоцна во рок од 15 дена министерството за политички систем ќе предложи план за побрзо распоредување .
Рамковно вработените ќе можат да одбијат да одат на работното место каде што ќе бидат распределени и нема да добијат отказ. Ако одбијат работа само ќе се префрлат на трансфер листата на Министерството за информатичко од каде ќе чекаат нова понуда.Ако не ја прифатат ни оваа работа во рок од 5 дена, дури тогаш трајно ќе го изгубат правото за вработување во државниот сектор.
Според официјалните бројки во Министерството за политички систем вработени се вкупно 1.500 лица.